ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

Здружението на математичари на Македонија организираше општински натпревари за основните училишта по предметот математика. Натпреварот се одржа денеска, на 4 февруари, каде домаќин беше ООУ „А.С.- Ќиќиш“- Тетово.

Во овој натпревар учествуваа и ученици од нашето училиште предводени од нивните ментори. Тие постигнаа одлични резултати, и тоа:

1. Кумрије Демири IX одд.- прво место / Ментор Хирмизе Јусуфи
2. Генти Жаку, VIII одд.- пофалница/ Ментор Хирмизе Јусуфи
3, Филип Бојчев ,VII одд,- пофалница / Ментор Лилјана Маркоска
4. Јован Сарџоски, V одд.- второ место / Ментор Радица Ацевска
5. Ива Волческа, IV одд. - трето место / Ментор Маја Димитровска
6. Марко Михајлоски IV одд.- трето место / Ментор Маја Димитровска
7. Стефан Миловски, IV одд.- пофалница/ Ментор Маја Димитровска
8, Теодора Јосифоски IV одд.- пофалница/ Ментор Маја Димитровска

Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатиот успех, како и до сите учесници на овој натпревар!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *