Uncategorized

MËSIM PËRMES PËRVOJËS – VIZITË NË STACIONIN METEOROLOGJIK DHE INSTITUTIN E TËRMETEVE

Nxënësit e klasave IV-1 dhe IV-2 patën mundësinë të realizojnë një vizitë edukative në një stacion meteorologjik dhe në Institutin e Tërmeteve, ku përmes njohjes së drejtpërdrejtë dhe shpjegimeve interesante fituan njohuri të reja rreth dukurive natyrore. Gjatë vizitës në stacionin meteorologjik, ata u njohën me instrumentet dhe pajisjet që përdoren për matjen e temperaturës, […]

MËSIM PËRMES PËRVOJËS – VIZITË NË STACIONIN METEOROLOGJIK DHE INSTITUTIN E TËRMETEVE Read More »

Општествено–хуманитарни активности

📽 Të nderuar 🎬🎬🎬 Secili prej nesh është i ndryshëm, por pikërisht në ato dallime fshihet bukuria e botës. Ndonjëherë, pa i njohur njerëzit, i gjykojmë sipas pamjes, prejardhjes dhe dallimeve që i bartin me vete. Me aktivitetet tona nga puna shoqërore–humanitare në SHFK ,,Liria”, përpiqemi të rrënojmë barrierat, të tejkalojmë stereotipet dhe të shtrijmë

Општествено–хуманитарни активности Read More »

Обука со тема „Интегрирање на еколошките теми во наставата и развој на зелени навики и одговорно однесување кај учениците“

🎓 Нашето училиште известува дека успешно беше реализирана Примарната обука за наставниците по предметна настава во основните училишта. ✅ Обуката е акредитирана од Бирото за развој на образованието (БРО) и Министерството за образование и наука (МОН).✅ Истата беше реализирана од акредитираниот понудувач Академија CES. 📅 Датуми на реализација: ... 🌱 Оваа обука им помогна на наставниците да ги унапредат своите професионални компетенции

Обука со тема „Интегрирање на еколошките теми во наставата и развој на зелени навики и одговорно однесување кај учениците“ Read More »

Детската недела во ООУ „Лирија“ – Радост, учење и другарување

Во текот на оваа недела, нашите најмлади ученици од I до V одделение учествуваа во низа активности посветени на Детската недела. Со многу креативност, радост и ентузијазам, тие изработуваа цртежи, учествуваа во едукативни игри, пееја песни и споделија моменти исполнети со другарство и насмевки. 🏃‍♀️ Особено внимание привлече кросот

Детската недела во ООУ „Лирија“ – Радост, учење и другарување Read More »

Отворен час по повод Меѓународниот ден на учителот

Денес, во IV-1 и IV-2 одделение, наставничките организираа отворен час посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден на учителот. Учениците, преку презентација, се запознаа со почетоците на учителската професија низ историјата, нејзината улога и задача. Потоа, преку работа во групи, тие создадоа посебни пораки за значењето на професијата учител/наставник, при што ги истакнаа вредностите и важноста на оваа благородна професија

Отворен час по повод Меѓународниот ден на учителот Read More »

Благодарност за наставничките Флорина Скендери и Весна Данајловска

ООУ „Лирија“ – Тетово изразува благодарност и посебна почит кон нашите почитувани наставнички Флорина Скендери и Весна Данајловска, кои по долгогодишна и успешна кариера заминуваат во пензија. Со својата неуморна посветеност и љубов кон учениците, тие беа пример за посветен наставник. Цели генерации ученици...

Благодарност за наставничките Флорина Скендери и Весна Данајловска Read More »

Благодарност за успехот на натпреварите

Директорката Фарие Касами, во име на ООУ „Лирија“ – Тетово, ѝ врачи посебна Благодарница на ученичката Буна Шерифи за нејзиниот извонреден успех. Буна триумфираше на Државното првенство на Северна Македонија во карате, освојувајќи го првото место во категоријата кадетки – индивидуално кумите за девојчиња на возраст од 14 до 15 години. 🏆

Благодарност за успехот на натпреварите Read More »

8 Септември – Ден на независноста

Со свечена и празнична атмосфера, во која учествуваа и учениците од ООУ „Лирија“ – Тетово, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. Преку посебна манифестација, нашите ученици со своите настапи, креативност и позитивна енергија придонесоа празникот да биде одбележан во духот на заедништвото, почитта, мирот и соработката.

8 Септември – Ден на независноста Read More »

🏅 Долгоочекуваниот медал за Риола Идризи!

Со гордост ве известуваме дека нашата ученичка, Риола Идризи, освои златен медал на StemOlympiad на меѓународниот натпревар по програмирање! Овој успех е резултат на нејзината напорна работа, талент и посветеност, како и поддршката од нејзината менторка. По многу вложен труд и исчекувања, овој златен медал е доказ дека трудот се наградува со успеси.

🏅 Долгоочекуваниот медал за Риола Идризи! Read More »