ПРОЕКТИ



Нашето училиште во Еразмус+

Како што знаеме, нашето училиште учествува во европски проект наречен Еразмус+ . Како дел од овој проект, учениците од нашето училиште заедно со нивните наставници остварија патувања, прво патување во Хрватска, потоа во Истанбул (Турција) и оваа недела во Грција.

Центарот за дијалог Нансен е локална непрофитна организација, основана во 2000 година.

НДЦ Скопје е профилиран како интеркултурен центар, кој континуирано креира и развива иновативни образовни стратегии, односно пристапи и ресурси, поддржувајќи ги наставниците, учениците и родителите во креирањето на нови и успешни интеркултурни практики.

Нашето училиште е партнер во реализацијата на проекти во рамките на оваа организација.

„Училишта од 21 век“

Училиштата од 21 век обезбедуваат постојано менторство и вредни ресурси за зајакнување на вештините на директорите на училиштата, наставниците и креаторите на политиките. Сите основни училишта (ученици на возраст од 10 до 15 години) добија Micro: bits (џебни компјутери) кои ќе им помогнат на младите да научат нови дигитални вештини и програмски вештини на забавен и интерактивен начин.