По повод 24 Мај – Денот на светите словенски просветители Свети Кирил и Методиј, Општина Тетово во соработка со основните училишта организираше свечена манифестација посветена на нивното значајно дело и просветителска мисија.
Настанот беше збогатен со литературни, драмски и музички изведби на учениците, кои преку своите настапи го истакнаа големиот придонес на Свети Кирил и Методиј во развојот на писменоста, образованието и словенската култура.
Во рамките на свеченоста, градоначалникот Билал Касами додели признанија на пензионираните просветни работници од нашето училиште – Гордана Блажевска и Ване Новачковски – за нивниот посебен придонес во образованието, како и на ученичките Ања Поповска, Вероника Поповска и Ангела Богојевска за постигнатите успеси и учеството во програмата.
Со вакви активности се негуваат вистинските вредности на образованието, знаењето и културното наследство.
