Денес во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово беше реализирана ликовна работилница посветена на Светскиот ден на детето, поддржана од Министерството за култура и туризам.
🎨 Атмосферата беше возбудлива, радосна и инспиративна. Учениците од партнерските училишта: ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Лирија“ – Тетово, создадоа прекрасни дела, полни со бои и оригиналност. Тие ни покажаа дека можат да создаваат заедно, со љубов и фантазија! 🌈
👦 Светот на децата е навистина прекрасен!
Од срце им благодариме на сите учесници, со искрена желба и понатаму да создаваат, да сликаат и да го изразуваат својот прекрасен свет!
👩🏫 Ментори: Мелиха Кабаши, Самир Саити, Габриела Петровска и Ивана Настески.
