Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска беше во посета на основното училиште „Лирија“ во Тетово, каде присуствуваше на одржувањето на еден од експерименталните часови по наука оддржан од страна на наставник Јамсина Костовска. На часот беа изведени научни експерименти за различни еколошки и климатски феномени, а гостите имаа можност со наставниците и учениците да разговараат за нивното искуство со експерименталната програма за животна средина и климатските промени во ова училиште.
На настанот, организиран од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија (UNICEF ECAR), присуствуваа и регионалната директорка на UNICEF ECAR, Афшан Кани, постојаниот претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во Република Северна Македонија г. Микаел Атерхог.





