Во рамките на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, организиран од страна на Министерство за замјоделие, шумарство и водостопанство, сите ученици од нашето училиште добија јаболка. Со ова им се помага и на производителите на јаболка, а се обезбедува свежа и здрава ужина за сите ученици од основните училишта во Македонија. Нашето училиште ја поздравува оваа акција, пред сѐ затоа што ги поттикнува здравите навики на учениците да консумираат свежо овошје.

