Ученици од Чешка, Грција, Романија и Турција го посетија училиштето „Лирија“ во рамки на програмата Еразмус

Денеска 27 ученици и ментори од Романија, Турција, Грција и Чешка, учесници на програмата Еразмус – размена на образовни искуства – ги посетија ОУ „Лирија“ и Тетово. Покрај училиштето, тие посетија и неколку културни споменици и институции во Тетово.

  • Инаку, „Проектот Дигитални студенти“ е размена на култури преку фотографија. Затоа ги изложивме фотографиите кои беа направени при посетата на Турција, Грција и Романија, но треба да ја посетиме и Чешка, кажа Дијана Стефаноска, координатор на проектот и наставник од ОУ „Лирија“

Присутните ја посетија и националната установа Уметничка галерија - Тетово каде имаа можност одблиску да ги видат уметничките дела од актуелната изложба на фотографии и да се запознаат со историјата на оваа институција.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *