Нашето училиште беше дел од истражувањето организирано од БРО на тема „Имплементација на слободни изборни предмети и слободни изборни активности во основното образование“. Во ова истражување учествуваа наставници од IV до IX одделение, како и ученици од VIII и IX одд.
Истражувањето беше успешно спроведено во просториите на училиштето, а истото го следеше и советничката Олгица Наумоска, која беше задоволна од реализацијата.
