По добивањето на спортската опрема преку грантот за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во рамките на нашето училиште „Лирија“, беше организиран турнир во пинг-понг. На натпреварите учествуваа ученици и ученички од шесто и седмо одделение, кои со спортски дух и фер игра ја покажаа убавината на дружењето, меѓусебното почитување и соработката.
