Во рамките на часот по природни науки учениците од трето одделение имаа можност да учествуваат во воспитно-образовна активност во нашето училиште, со посета на лекар и фармацевт. При оваа посета се зборуваше за важноста на личната хигиена, начините за заштита од болести и правилната употреба на лековите. Лекарот, Др. Фатон Адеми и фармацевтката Лаура Абази Сарачи објаснија како безбедно и ефикасно да се одржува здравјето и да се користат лековите. Оваа активност им помогна на учениците подобро да ја разберат улогата на медицината и грижата што треба да ја покажат за своето тело. Му благодариме на Др. Фатон Адеми и фармацевтот Лаура Абази Сарачи за оваа вредна можност ја понудија да дознаат повеќе за здравјето и негата на телото.











