1 Април - Ден на шегата

Со многу смеа, креативни маски и весела атмосфера, во нашето училиште беше одбележан 1 Април – Денот на шегата. Учениците покажаа голема креативност и смисла за хумор, создавајќи пријатна и разиграна атмосфера.
Овој ден уште еднаш нè потсети колку се важни насмевката, позитивната енергија и заедничките моменти во училиштето.