По повод Први април- денот на шегата, во нашето училиште беа организирани работилници на кои се изработуваа индивидуални и групни маски. Изработените маски учениците ги прикажаа во училишната сала и во дворот на училиштето. Прекрасно беше да си дел од тие среќни и насмеани детски лица.






