ЗА НАС

Ако сакате да садите за една година, засадете пченка и пченица. Ако сакате да засадите засекогаш, засадете образование и култура.

Сами Фрашери

Нашата приказна

Од 1 март 1945 година, на ова место каде што се уште не била изградена училишната зграда, било отворено основно училиште по име „Лирија“ во кое учениците учеле во старите згради останати од минатите медреси. Во тоа време бројот на ученици достигна 1085, од кои 579 беа машки и 506 женски. Во оваа учебна година беа ангажирани 6 наставници (Гани Јахја, Хикмет Касапи, Ахмет Хаџи Хасани, Бурхан Мухедини, Зија Садикуде, Хиреме Треси).

Директор на училиштето бил Вехап Кадриу. Вреди да се спомене големиот придонес на наставниците од Албанија кои во овој период функционираа во ова училиште како на пр. Абедин Фаја - Елбасан, Зија Зендели- Дибр. Во групата на овие учители Полуќи-Елбасан, Хасан Тетели - Корча, Зија Зендели - Дибр.

Objekti i sotëm shkollor u ndërtua në vitin 1948-1949 në të cilin filloi mësimi me 28.02.1950. Puna vijohej në 22 paralele dhe me 1197 nxënës. Këtë proces e realizonin 23 mësues.
Денешната училишна зграда е изградена во 1948-1949 година во која наставата започнала на 28.02.1950 година. Работата се продолжи во 22 паралелки и со 1197 ученици. Овој процес го спроведоа 23 наставници. Во 1950-1952 година во овој објект работел првиот албански нормален, кој подоцна бил префрлен во Скопје. Во учебната 1958-1959 година, тогашната влада направи некои реформи и наложи во овој објект да учат и македонски ученици. Од тоа време до денес наставата се изведува на албански и на македонски јазик. Во овој 63-годишен период не изостанаа работните успеси. Покрај нормалната работа во оваа училишна зграда по Втората светска војна, се одржуваа и курсеви за возрасни за искоренување на неписменоста.

Нашиот тим

Директор

Farije I. Kasami

Помошник директор

Violeta Trajkoska

Педагог

Ермира Асани