Отворен час по повод Меѓународниот ден на учителот

Денес, во одделенијата IV-1 и IV-2, наставничките организираа отворен час посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден на учителот.

Учениците, преку една презентација, се запознаа со почетоците на професијата учител низ историјата, неговата улога и задача.

Потоа, преку работа во групи, тие создадоа посебни пораки за значењето на професијата учител/наставник, изразувајќи почит и благодарност кон оваа важна фигура.