Благодарност за успехот на натпреварите

Директорката Фарије Касами, во име на ООУ „Лирија“ – Тетово, ѝ врачи посебна благодарница на ученичката Буна Шерифи за нејзиниот извонреден успех

🏆 Буна триумфираше на Државните натпревари на Северна Македонија во карате, освојувајќи прво место во категоријата кадетки – кумите индивидуално за девојки од 14–15 години.

🌍 Со овој резултат, таа обезбеди право да ја претставува Северна Македонија на Светското првенство, кое ќе се одржи во декември во Полска.

👥 На оваа свеченост присуствуваа и претставници од општинскиот сектор за образование, кои ја честитаа ученичката за нејзиниот успех.

✨ Честитки до Буна за ова извонредно достигнување и многу успех на меѓународните натпревари!