Денешна активност во рамките на проектот „Промовирање на безбедна училишна средина“

Денес, како дел од проектот „Промовирање на безбедна училишна средина“, учениците од Детскиот парламент во нашето училиште имаа можност активно да се вклучат во дискусијата. Тие поставуваа прашања до презентерите, придонесувајќи за подлабоко разбирање на темите и поттикнувајќи дијалог за безбедноста и благосостојбата во училиштето.

Овој обемен проект се реализира од Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши и Smart Up – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската фондација Песталоци.