Упис на ученици во прво одделение

ООУ “ЛИРИЈА“ - ТЕТОВО

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ - учебна 2024-2025 г.

Почитувани родители управата на основно општинско училиште “Лирија” – Тетово ве известува дека почнувајќи од 07.05.2024 Вторник, ќе започне со уписот на учениците во прво одделение за учебна 2024-2025 !

  • Право за запишување имаат деца-ученици родени во текот на 2018, кои се дел од училишниот регион и во согласност со Законот за основно образование.
  • Додека децата-ученици родени до 31 Jануари 2019 имаат право да се запишаат со претходно барање од родителот,односно старателот и добиено мислењето од педагогот или психолог во училиштето;
  • При запишувањето на детето со попреченост родителот/ старателот е должен да достави и мислење / функсионален профил поред МКФ
  • Децата кои не се вклучени во наставата, а се со надмината возрасната граница, може да се запишат во основно училиште согласно со членот 14 од овој закон.
  • Уписот го спроведува Комисијата составена од педагог, психолог, специјален едукатор за рехабилитација, како и наставник од редот на одделенските наставници.

Уписот ќе се врши како што следува: Секој работен ден од понеделник до петок од 10:00 часот до 13:00.

Потребна документација за уписот на учениците:

  1. Извод од матична книга на родените на дете-ученик (фотокопија);
  2. Потврда за примени Вакцини (задолжителни);
  3. Потврда за Стоматолошки преглед издадено од надлежна здравствена установа;
  4. Потврда за Офталмолошки преглед издадено од надлежна здравствена установа;
  5. Лична карта од родител/ старател (фотокопија);

Дополнително објаснување:

  1. Уписот продолжува до крајот на учебната 2023-2024 година!
  2. Ве молиме почитувајте гo реонот на училиштето!

Со почит, управата на ООУ “Лирија“ - Тетово

Успех на сите ученици во учебната 2024-2025 година!

в.д. Директор:

Фарије Идризи Касами

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *