Денеска во нашето училиште се реализираа спортски меѓуетнички активности со партнер училиштето "Гоце Делчев".Во активностите учествуваа учениците од второ и трето одделение.Целта на оваа активност е да се овозможи запознавање, дружење и соработка на ученици од различна национална припадност .Се реализираа игри во мал фудбал, елементарни игри на полигони за деца , детски аеробик.На овие активности покрај присуство на наставници од двете училишта присуствуваа и претставници од БРО и секторот за јавни дејности.





