Прием на ученици во прво одделение

Приемот на учениците во прво одделение е важен чекор во нивното образовно патување.
Наша должност е како општество и како училиште да се погрижиме децата да имаат успешен и среќен почеток на ова ново патување кон знаење.

Денес на овој голем ден, посебни и срдечни честитки одат за малите првачиња кои ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат патот кон знаењето. Наставниците со нетрпение го чекаа почетокот на оваа школска година за да ги внесат децата во магичниот свет на знаењето: На учениците, наставниците и родителите им посакуваме здравје, соработка и многу успех!

Радоста и насмевката на децата го оживеаја училиштето. Добредојдовте драги деца!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *