Денес во нашето училиште „Лирија“-Тетово се одржа првиот дел од дискусијата на тема: „Преку искуствено учење до подобро образование за животната средина и климатските промени “. На оваа обука присуствуваа и наставници од О.У. Братство -Миѓени-Тетово.
Имплементатори на проектот се: Центар за ресурси за животна средина - РЕЦ, Северна Македонија во соработка со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието со финансиска поддршка од Шведската амбасада. Посебна благодарност до професорот Стјуарт Колхаген и лидерот Тамара Радовановиќ-Ањеловска.
Обуката успешно ја спроведе наставничката од нашето училиште Бехаре Халили.










